10 мудри мисли за животот од нашата Мајка Тереза

Најголемата хуманитарка на сите времиња, познатата Скопјанка Мајка Тереза е можеби најнаградуваната личност на 20 век, поради несебичната хуманост и љубов што ја имала кон луѓето. Освен по нејзината добрина и емпатија, таа била позната и по својата мудрост, не штедејќи да ја сподели со целиот свет. Денес ќе прочитаме некои од нејзините најпознати цитати и ќе оддадеме почит на нејзиниот лик и дело.

 

 

1. Луѓето можат да бидат неразумни, нелогични и себични – во секој случај простете им.

2. Ако покажувате добрина, а луѓето ве обвинуваат за тајни лични мотиви, сепак покажете добрина.

3. Ако постигнете успех, тогаш може да имате многу имагинарни пријатели и вистински непријатели – сепак ќе постигнете успех.

4. Ако сте искрени, луѓето ќе ве измамат – сепак бидете искрени.

5. Она што го градевте со години може да се уништи преку ноќ – продолжете да го градите сепак.

6. Ако сте нашле спокојна среќа, тогаш луѓето ќе ви завидуваат – бидете среќни во секој случај.

7. Доброто што го направивте денес, луѓето ќе го заборават утре – правете добро во секој случај.

8. Споделете го најдоброто од она што го имате со луѓето, а тие никогаш нема да имаат доволно од тоа – сепак продолжете да го споделувате најдоброто со нив. На крајот ќе се уверите дека сето тоа било помеѓу Бог и тебе и никогаш не било меѓу тебе и нив.

9. Не е важно кој што вели за вас – прифатете се со насмевка и продолжете да ја работите својата работа.

10. Молете се заедно и останете во единство.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *