10 вицови за плавуши кои слатко ќе ве насмеат

Плавуша со раката во гипс оди на доктор и прашува:
– Докторе, кога ќе ми го извадите гипсот од раката, ќе можам ли да свирам на пијано?
– Да, да, се разбира, нема проблем!
– Леле докторе, колку ми е мило! Одвај чекам да почнам, цел живот сум сакала, а никогаш порано не сум свирела!

– – – – – – –

Плавуша влегува во библиотека.
Библиотекарката:
– Врне а?

– – – – – – –

Плавуша прв пат оди на забар. Тој ѝ објаснува:
– Мораш да ја отвориш уста и јас ќе си завршам работа.
– Ама докторе, јас имам дечко!

– – – – – – –

Разговараат две плавуши:
– Цуци, кој беше тој што ја насликал Мона Лиза?
– Леонардо да Винчи.
– Сигурна ли си?
– Мхм.
– А, пред ли да се качи на Титаник?

– – – – – – –

Две плавуши на кафе муабет:
– Не ми е јасно што гледале жените во мажите порано?
– Кога порано?
– Кога немало коли и не биле измислени парите.

– – – – – – –

Поискусната плавуша ја учи понеискусната:
– Ич не ме интересира кој колку пари има! Важно е колку ми дава.

– – – – – – –

Плавуша во аптека:
– Имате ли тест за бременост?
– Да, секако!
– А, тешки ли се прашањата?

– – – – – – –

Една плавуша ѝ вели на друга:
– Можам да поверувам дека штркот ги носи бебињата, но пајак да крева автомобил… никако!

– – – – – – –

Разговараат две плавуши:
– Цуци, знаеш ли што е „басна“.
– Басна е кога животните си прават муабет меѓу себе. На пример, свињата си прави муабет со мајмунот, исто како јас и ти сега!

– – – – – – –

Плавуша и згоден, дотеран млад маж чекаат ред во банка. Плавушата, откако му фрлила око и претпоставила дека е богат, започнува муабет за да го „скрши мразот“:
– Убаво време денес, а?
– Да – одговара младиот човек.
– Кој хороскопски знак сте вие?
– Кралот на џунглата…
– Сериозно? Тарзан!?!

Вицови за плавуши

Вицови за плавуши

  • Robert напиша:

    Što e plavuša vo kola
    Dopolnitelna oprema
    Kako briše greški na kompjuter
    So bel lak korektor
    Plače koga ima bliznaci – oti ne znae koj e tatko na vtoroto dete…
    …aaaaaaa da – ne može da jade banana – oti ne može patentot da ì go najde

  • Naumche напиша:

    Sto e plavusa ofarbana crna.
    -vestacka intelegencija.
    Sto e crna isfarbana plava.
    -Sosila glupa.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *