10 кратки вицови кои ќе ви го направат денот повесел
Во продавницата за миленичиња:
– Имате камелеони!?
– Да има.
– Каде се тие…!?
– Не знам!
– – – – – – –
На училиште:
– Наставничке, не сакам да ве плашам, но тато рече дека уште еден кец и некој ќе јаде ќотек!
– – – – – – –
Две плавуши во бутик:
– Цуци, од што е ова палто?
– Пишува изработено од полиестер.
– Изроди! Колку полиестри убиле за да го направат…
– – – – – – –
Вистинскиот маж секогаш треба да знае да каже НЕ!
– Сакаш ли една ракија?
– НЕ! Сакам две.
– – – – – – –
Богатите мажи никогаш не остаруваат!
Женска народна мудрост
– – – – – – –
Таткото ја води петгодишната ќеркичка на работа. Девојчето влегува и сите колеги и колешки доаѓаат да ја видат. Наеднаш девојчето почнува да плаче.
– Што се случи душо? Зошто плачеш? – прашуваат колегите.
А таа му вели на татко си:
– Тато, ти ме излажа! Каде се сите тие кловнови со кои ти работиш?
– – – – – – –
– Ало! Дали разговарам со јасновидката Митра?
– Да, кажете г-н Петров!
– Ама, јас не сум Петров!
– Знам!!!
– – – – – – –
Ако е рано за легнување и касно за копање, значи е време за пиење!
– Македонска народна поговорка.
– – – – – – –
Разговараат двајца македонски пензионери – патриоти.
– Многу дакам да добијам седмица на Лото!
– Што е ти се пари на овие години?
– Ќе си купам еден пратеник, па ќотек, ќотек, ќотек!
– – – – – – –
– Мамо, утре имам тест по географија. Каде се наоѓа Португалија?
– До Шпанија, сине.
– А, Бермудите?
– Во втората фиока.
Коментирај анонимно