Како Светското првенство 2014 во Бразил ја направи „најзгодната навивачка“ ѕвезда, за потоа да ѝ се уништи кариерата за миг?
Меѓународните турнири се плодна почва за нови ѕвезди – и тоа не само на теренот, туку и на трибините.

Еден таков случај беше навивачката на Белгија, Аксел Деспигелаер, која ги привлече очите на камерите на Светското првенство во Бразил во 2014 година. Русокосата убавица го привлече вниманието на камерманите додека ја бодреше својата репрезентација за време на нивниот втор натпревар во групата против Русија кој го добија со 1-0.

Со шапка со рог на ѓаволот во чест на прекарот на нејзиниот тим „Црвените ѓаволи“, Аксел се најде во центарот на камерите на легендарниот стадион Маракана во Рио Де Жанеиро.
Наскоро потоа, атрактивната тинејџерка стана интернет сензација наречена „најсекси навивачка“ на Светското првенство. Оваа слава брзо ѝ донесе договор за фотосесија со францускиот козметички гигант „L’Oreal“, кој ја прикажа во кампања на социјалните мрежи каде покажуваше „туторијал за коса“.


Сепак, она што изгледаше како почеток на гламурозна кариера ненадејно заврши кога таа постави контроверзна слика на која позира покрај животно кое изгледаше мртво.
Ова го оддалечи вниманието од Аксел, претворајќи го во срам, непосредно пред осминафиналето на Белгија со САД.
„Ловот не е прашање на живот или смрт. Тоа е многу поважно од тоа.. ова беше пред околу една година.. спремна да ловам Американци денес хаха“, напиша таа во својата контроверзна објава на „Фејсбук“.

Откако се соочи со низа критики, Аксел појасни со следен коментар: „Не сакав никого да навредам.. тоа беше шега“.
Гигантот „Лореал“ реши да ја прекине соработката со неа набргу по инцидентот, иако тоа не го наведоа експлицитно како причина.

Коментирај анонимно