Уште пет туристи загинаа или исчезнаа на грчките острови по смртта на д-р Мајкл Мозли – среде топлотниот бран каков што досега немало во јуни

Телото на исчезнатиот Американец во неделата е пронајдено на островот Матраки, во близина на Крф. Тоа се случи еден ден откако Холанѓанец беше пронајден мртов во провалија на источниот остров Самос.

Нивната смрт следи по смртта на здравствениот гуру и почитуваниот колумнист на „Мејл“, д-р Мозли, кој почина на Сими откако направи погрешно свртување при прошетка на високи температури. Неговото тело беше пронајдено на 9 јуни по петдневна потрага.

 

Во меѓувреме, се трага по три туристи – две Французинки и Американецот Алберт Калибет (59) на островите Киклади. Г-дин Калибет, пензиониран заменик на шерифот од Лос Анџелес, последен пат бил виден како пешачи сам во многу топли услови на Аморгос. И двајцата француски државјани – на возраст од 73 и 64 години – се исчезнати на затскриениот остров Сикинос.

 

Температурите се искачија над 40 степени на почетокот на овој месец со почетокот на сезоната на одмор во Грција. Метеорологот Панос Јанопулос изјави: „Овој топлотен бран ќе влезе во историјата. Во 20 век, никогаш не сме имале вакво време пред 19 јуни“.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *