Американски студентки излегоа на интервју со најлудото признание на интернет: „Речиси сме милионерки затоа што продадовме пакет кокаин!“
Млади девојки беа интервјуирани од Јутјуберот Травејн Барнет во Лос Кабос, Мексико и дадоа смешна исповед, откако беа замолени да ги споделат своите малку познати тајни.
За време на разговорот, двете девојки го шокираа водителот кога дадоа запрепастувачки одговор, велејќи му дека сега се „речиси милионерки“ како резултат на нивните постапки.
Во видеото, се слуша како Барнет ги прашува: „Кое е најлудото искуство што сте го доживеале на пролетниот одмор?“

Девојките потоа продолжија со тврдењето дека пронашле осум килограми кокаин на плажата во Мајами за време на минатогодишниот пролетен распуст и го продале. Девојката облечена во црвено бикини безгрижно му кажа на интервјуерот дека таа и нејзината пријателка случајно пронашле мистериозни пакети на плажата.
На прашањето дали сфаќаат дека сега се открија пред јавностса и полицијата, една од девојките објаснува дека е во ред бидејќи поминала една година.
Тие додаваат: „Чувствувам дека не треба да кажувам никому, но сега е добро затоа што помина една година“.
На екранот се прикажува скриншот од новинарски напис од Мајами Хералд од напис објавен на 28 септември.

Во делот се признаваат неколку случаи на пренос на дроги, вклучително и кокаин, кои се исфрлаат на бреговите на Флорида по зголемувањето на поморската миграција од Куба и Хаити, која започна во 2022 година.
Девојките не даваат доволно конкретен датум за да можат да ги потврдат своите тврдења. Но, без оглед на нивната автентичност на нивната приказна, гледачите беа изненадени од нивното признание.
Еден гледач рече: „Фактот што тие го кажаа ова јавно е лудило, меѓу дилерите на дрога и УЈП и ФБИ. Не ми се верува дека ова го кажаа на интернет“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно