„Шест дена по ред јавно ги покажувам градите на луѓето низ Њујрок – сосема е нормално да се биде гол“

Самопрогласената егзибиционистка Ејла Адамс (36) објасни како покажувањето на нејзините гради на јавноста е нејзино поздравување на родовата еднаквост.

„Ако мажите можат да се шетаат без кошули, истото треба да го прават и жените“, рече таа. „Нормално е да се биде гол, и со покажување на моите гради на луѓето едноставно се забавувам и предизвикувам статус кво“.

 

36-годишната девојка која работи како водителка на Голи вести додаде: „Голотијата е толку важен дел од мојот живот. Не разбирам никого кој има негативни чувства кон тоа да се биде гол. Сите ние сме родени на овој начин и мораме да ги прегрнеме сопствените тела и мораме да ги сакаме неверојатните тела на сите други“.

 

Ејла вели дека генерално луѓето позитивно реагирале, но имала и неколку незгодни моменти. „Му ги покажав на човек во лифтот и тој беше шокиран, а јас засрамена остатокот од возењето. Добивам негативни коментари но не дозволувам хејтерите да ме омаловажат“.

 

Ејла, родена во Торонто, сепак внимава каде ќе се соблече, избегнувајќи места од национално значење како кенотафите или споменикот на 11 септември. Таа има и златно правило – никогаш да не те фатат.

„Повеќе од 30 години е легално жените да одат топлес во Њујорк, што многу жени го прифатија како приказ на родова еднаквост“, рече таа. „Мислам дека соблекувањето е забавно. Но, тоа е и начин за нормализирање на женската голотија. Верувам дека жените треба да ги имаат истите права како и мажите да одат топлес во јавност доколку го одлучат тоа. За мене тоа е начин на живот“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *