Герет Саутгејт ја носи истата поло маица од 50 долари на „Marks& Spencer“ на сите натпревари на Англија на првенството – но, маичката ја нема истата среќа како познатиот елек!

Шест години откако стана неверојатна икона за машка облека, благодарение на елекот на „Marks & Spencer“ што беше виден низ целиот свет, Герет Саутгејт изгледа дека има нова униформа. Селекторот на Англија, кој се соочи со критики за слабиот настап на тимот во групната фаза на Европското првенство, го замени оделото за порелаксиран изглед – плетена поло маица од 50 долари. Плетената кошула од чист памук  е официјален дел од колекцијата „M&S x England“.

 

 

 

 

За жал, маичката не ја донесе среќата на елекот, бидејќи навивачите „заспиваа“ на стадионот на трите „досадни“ изведби во кои Англија победи само на еден натпревар и постигна само два гола.

Говорејќи пред турнирот, Саутгејт рече дека го менува својот изглед во обид да изгледа попристапен за своите помлади играчи. Саутгејт (53) рече: „Оваа година ќе има повеќе маички со кратки ракави отколку костум и вратоврска бидејќи се обидуваме да создадеме опуштена средина. Кога работите со млади момци, не сакате да бидете премногу сериозни – во она што го правите или носите“.

 

 

 

 

Тој додаде: „Секогаш кога ќе облечете нешто, давате некаква изјава. Сега сум свесен за тоа“.

Досега, изгледот беше комбиниран со морнарски панталони и – од прилика – морнарско сако. Исто така од „М&Ѕ“ кои се официјални спонзори на селекцијата на Англија.

 

 

За време на Светското првенство во 2018 година, Саутгејт носеше елек од 70 долари од „Маркс и Спенсер“. Како што тимот напредуваше на турнирот, фразата „среќен елек“ почна да се шири на интернет и од фирмата остварија 35 проценти подобар приход за време на првенството.

Кога Герет го носеше елекот на Светското првенство во декември 2022 година, „GQ“ го нарече „човек на натпреварот“ велејќи дека изгледот е безвременски и прави добра реклама.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *