Како играле мајка ти и татко ти во диско во 80-тите? Нов тренд на „Тикток“ ги врати луѓето во златните времиња на музиката!
Тоа беше ера на голема коса, флуоресцентна мода и „Walkmans“ – но, 1980-тите исто така се паметат како едно од златните времиња на музиката. Така, не е изненадувачки што оваа генерација се прославува на „TikTok“ преку нивните деца сега, покажувајќи ги нивните ентузијастички танцови движења.
Во текот на изминатите неколку недели, хаштагот #80sdancechallenge се користеше за над 10.000 видеа – и собра милиони прегледи. Како дел од виралниот тренд, родителите играат на хитот „Smalltown Boy“ од 1984 година од „Bronski Beat“.
Претходно оваа година, корисникот на „TikTok“, Итан Бејлин, стана вирален кога ја натера својата мајка да учествува во трендот. Погледнете ги некои од највиралните видеа од овој тренд во моментов на социјалните мрежи.
Коментирај анонимно