„Не платив на првиот состанок затоа што девојката не изгледаше како на фотографиите, беше многу подебела – се чувствував навистина измамен“
Еден маж предизвика жестока дебата на интернет, откако призна дека одбил да ја плати сметката за вечерата со девојка што ја запознал онлајн, поради нејзиниот изглед.
28-годишникот тврдеше дека таа ги дотерала нејзините фотографии за да изгледаат попривлечни на интернет – потег што го натерал да се чувствува измамен. Тој сподели како се договорил да се запознае со 26-годишна девојка, откако се поврзал со неа на апликација за запознавање. Меѓутоа, по пристигнувањето во ресторанот, тој сфатил дека таа немала никаква сличност со фотографиите на нејзиниот профил.

Тој сподели на „Редит“: „Нејзиниот профил имаше неколку слики, а таа изгледаше сосема фит, што е мој тип бидејќи и јас се обидувам да водам здрав начин на живот. Меѓутоа, кога ја запознав лично, таа беше значително поголема отколку што изгледаше. Зборувам за забележлива разлика, не само за лошите агли…“
Тој признава дека разговорот бил „во ред“, но физички не бил привлечен од неа. Така, наместо да и плати за оброкот, тој избрал да ја остави сметката бидејќи се чувствувал „измамен“. Тој додаде: „Исто така, не и давав комплименти како што обично можев, бидејќи не сакав да бидам неискрен во однос на моите чувства“.
По оброкот, парот се разделил, а мажот подоцна добил низа лути пораки од девојката, изразувајќи го нејзиното разочарување од нивниот состанок. Тој се бранел велејќи: „Таа беше вознемирена што не и платив за оброк или не ѝ дадов комплименти, тврдејќи дека тоа направило да се чувствува непривлечно. Таа рекла дека е прв пат момче да не плати за неа.
„Се обидов да бидам искрен и ѝ кажав дека нејзините слики се погрешни и дека не ме привлекуваат жени со прекумерна тежина. Општо земено, јас сум за плаќање на сметката на состаноците, особено кога добро се забавувам и чувствувам поврзаност. Сепак, не ми се допаѓа идејата да плаќам кога чувствувам дека некој не бил вистински, или состанокот едноставно не бил пријатен или личноста била груба“.

Барајќи потврда, тој се обрати на социјалните мрежи за да ги праша корисниците дали не е во право. Еден корисник одговорил: „Посакувам мажите кои тврдат дека сакаат жена со „активен животен стил“ само да признаат дека сакаат некоја слаба“.
Друг корисник додаде: „Мислам дека јас и мојот сопруг не си дававме комплименти на нашите први состаноци, поминувавме премногу време во забава зборувајќи и шегувајќи се. Не знам дали некогаш сум дала комплименти на некого на прв состанок“.

Коментирај анонимно