Дали вреди? Другар и другарка ги открија шокантните резултати од растворањето на нивните филери за усни во видео кое стана вирално
Деми Пасарис и Семјуел Венчус си ставиле филери на почетокот на годината, само за да излезат од ординацијата со преголеми усни, па сега се решија да ги растворат филерите.
Споделувајќи го видеото на Инстаграм, Деми се пошегува: „Навистина мислевме дека ќе бидеме прекрасни“.
Таа, исто така, можеше да се слушне како хистерично се смее во позадина додека го снимаше нејзиниот запрепастен пријател Сем како ги гледа неговите отечени усни во огледалото. Тестостеронот одамна го напуштил Сем, па веќе не се ни чудиме што машко ставало филери.

Луѓето во делот за коментари беа шокирани и дефинитивно „удрија“ неколку шеги на нивна сметка.
„Твојот пријател изгледа како убав сериски убиец“, напиша еден.
Деми и Сем подоцна појаснија дека всушност усните не биле утнати, објаснувајќи дека едноставно влегле да ги растворат нивните претходни филери за усни пред да добијат свежи инјекции.
Нормално е усните привремено да отечат откако ќе се раствори филерот, што е предизвикано од комбинација на дополнителен волумен од течноста што се раствора, како и оток од инјекциите.
Во следното видео, парот објави дека нивните усни се вратиле во нормална големина. Но, сепак дали вреди да поминувате низ вакво нешто затоа што токсичното општество вели така?
Денешниот свет на козметика и естетика го водат фирми со приватен капитал и други институционални финансиски фирми кои стандардно имаат приоритет на профитот пред грижата за пациентите. Прескокнете ги трендовите на Инстаграм и фокусирајте се на работа на себеси, пред да патите и да давате пари на нешто што навистина не е важно.

Коментирај анонимно