„Останав затворена во мојата куќа затоа што доставувачот од „Амазон“ ја остави пратката на многу НЕСООДВЕТНО место“
Клиентка на „Амазон“ откри како била заробена во нејзината куќа три часа, откако доставувачот го оставил нејзиниот пакет на многу несоодветно место.
Холи Чампаљо, од Филаделфија, отиде на „TikTok“ за да ја сподели приказната со нејзините 60.800 следбеници. Таа објасни дека не можела да ја отвори влезната врата поради лошата положба на пратката – додавајќи дека очајно „се обидувала да му мавне на соседот“.
Во клипот, кој досега е прегледан повеќе од 592.000 пати, Холи зборува директно пред камера и ја објаснува ситуацијата. Таа потоа ја сврте камерата за да ја прикаже големата пратка на скалите од вратата, која била заглавена помеѓу влезната врата што се отвора однадвор и металната табла однадвор – не оставајќи ѝ начин да излезе од куќата.
Коментирај анонимно