„Ми треба Англија да го освои Европското првенство за да можам да си го вратам автомобилот, кој го изгубив во облог за Тотенхем“

26-годишната Брит од Ланкашир е навивачка на фудбалскиот тим од северен Лондон уште од нејзиното раѓање, благодарение на наследството на генерациското обожавање за клубот.

Сепак, се чини дека лојалноста на Брит кон Тотенхем ја остави во небрано. Таа одлучи да се обложи дали Тотенхем Хотспур ќе заврши во првите четири на табелата и го изгуби својот автомобил од 30.000 евра.

 

„Всушност се обложив дека Тотенхем ќе бидат во првите четири на табелата. Но, завршивме петти и го изгубив Subaru Impreza WRX. Па сега се обложив уште еднаш. Ако Англија го освои Европското првенство, ќе го вратам мојот автомобил“.

Но, со играта на Англија против Словачка во саботата (29 јуни), Брит не се чувствува целосно уверена дали ќе го врати својот автомобил.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *