51 годишната Тори Спелинг му покажа на својот поранешен сопруг што пропушта и се прошета на плажа во неонско бикини и тело како на 20 годишна девојка

Тори Спелинг му покажа на својот поранешен Дин Мекдермот дека многу изгубил, откако се појави на плажа во Малибу во вторникот.

 

 

 

Ѕвездата од Беверли Хилс 90210 (51) – која поднесе барање за развод од Дин (57), по 18 години брак во март – ја покажа својата неверојатна фигура во неонско дводелно бикини на плажа. Прекрасната актерка „ги сврте главите“ на луѓето додека нејзините извајани стомачни мускули беа целосно видливи за сите.

 

 

Овие неколку дена Тори е исто така во центарот на вниманието откако ја откри вистинската причина за „дупката“ меѓу нејзините гради која со години беше мета на коментари. На нејзиниот најнов подкаст ѕвездата објасни која е причината за несекојдневниот деформитет.

 

 

„Со години добивам такви коментари кои велат „Поправи го тоа!“, започна Тори.

„Тоа е всушност коскена ситуација, се нарекува пектус екскаватум“, продолжи таа, мислејќи на деформитетот на ѕидот на градниот кош, исто така позната како состојба на „гради со инка“. Во оваа состојба, градната коска и неколку ребра растат навнатре абнормално, создавајќи забележливо вдлабнување.

  • Васе напиша:

    Штом ТАА поднела барање за развод (ја варал со 20 години млаџом), се сомневам дека бившиот ги гледа нејзините слики? Повеќе излегла да се слика за Инста и сликите да ги покаже „на идниот младоженец“!
    Се сеќавам добро на ТВ Серијата „Беверли Хилс 90210“, уз „Династија (на кавадаречки начин)“, сите ја гледаа!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *