Девојка на која ѝ го украле телефонот на Закинтос предупредува за „големата грешка“ која им овозможила на крадците потоа да ја ограбат за повеќе од 14.000 евра

Лидија Коутс го сподели своето несреќно искуство. Таа изгубила околу 14.000 евра откако телефонот ѝ бил украден за време на одмор во Закинтос во Грција. Приказната на Лидија е предупредувачка приказна за користењето едноставни лозинки и ризиците кои се вклучени.

 

Во 2022 година, Лидија отишла на одмор со пријателите. Вториот ден тргнале на патување со брод. Лидија носела мала торба со нејзиниот телефон, лична карта и готовина. Чантата ја чувала со неа поголемиот дел од времето, освен кога била во морето. Нејзината пријателка останала на бродот, внимавајќи на чантата. Меѓутоа, кога Лидија се вратила, нејзиниот телефон го немало.

На патувањето со бродот имало околу 50 луѓе. Лидија и нејзината пријателка побарале од диџејот објави дека недостасува телефонот, а организаторите ветиле дека ќе ги проверат сите пред да го напуштат бродот. Лидија мислела дека ќе го пронајдат крадецот, но организаторите не пребарале никого, па нејзиниот телефон бил изгубен.

Проблемот не застанал тука. Лидија направила голема грешка што ја чивала возачката дозвола во маската на телефонот. Нејзиниот роденден бил нејзината лозинка на телефонот и лозинката за онлајн банкарство. Кога ја проверила банкарската сметка по кражбата, не ѝ недостасувале пари, па се опуштила и го користела телефонот на својата пријателка за остатокот од патувањето.

 

Меѓутоа, кога се вратила дома, Лидија открила банкарски трансфер од 12.242 фунти в(14.460 евра) на некој по име Џесика. Лидија контактирала со полицијата, но тие ѝ рекле да контактира со полицијата во Закинтос, која не била од помош.

„Бидејќи оваа личност имаше пристап до мојот телефон, целата моја галерија и сите фотографии што некогаш беа на мојот телефон, моето онлајн банкарство, мојата лична карта, морав да отворам шема за заштита од измама на идентитетот“, објасни таа. „Така сега, до крајот на мојот живот, плаќам за заштита од измама со идентитетот, бидејќи оваа личност со моите информации можеше слободно да земе уште заеми, хипотеки и слично“.

Моралот на нејзината приказна: „Не ставајте лична карта или било каков документ во задниот дел од футролата за телефонот ако одите на одмор или некогаш воопшто!“

Лидија на крајот го решила проблемот со промена на банкарските податоци и означување на нејзината сметка како измамничка. По неколку состаноци со банките и полицијата, таа си ги вратила 12.242 фунти преку нејзината шема за заштита од измами. Крадецот користел лажно име и не можел да се пронајде. Искуството на Лидија ја нагласува важноста од користење безбедни лозинки и претпазливост со личните информации, особено додека патувате.

 

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Васе напиша:

    Комшијата пред некој ден ја изгубил картичката, а приметил дури вечерта! Кога се јавил да ја блокираат и прашал за состојбата? Му рекле, состојбата ви е 0 денари! Му ја испразниле купувајќи по маркети низ Скопје, каде ако купиш роба до 2.000 ден, не ти бараат ПИН!
    Исто се случува и на апаратите на ЕВН за плаќање сметки за струја! Пред 2 недели ги надградија и што е НОВО? Па ново е што до 2.000 ден, апаратот не бара ПИН! Како институциите да ствараат услови да бидете ограбени!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *