Млада Австралијка „фати џекпот“ од 20 илјади долари откако забележала нешто на патеката за пешачење – дали вие можете да го забележите?
27-годишната Тајлер Махони рече дека чисто случајно заедно со нејзината другарка нашле огромна златна грутка во Калгурли, град за ископ на злато на 600 километри североисточно од Перт, Западна Австралија.
„Само седеше на земја“, рече г-ѓа Махони, која е професионален копач на злато.


Таа рече дека не може да поверува на среќата со оглед на тоа колку е неверојатно ретко некој случајно да најде злато.
„Случајно го здогледавме одејќи низ патеката“, рече г-ѓа Махони за откритието.

Тајлер, поранешна манекенка и четврта генерација трагач на злато, работи на фармата на нејзиното семејство и бараат злато во полињата за злато во Западна Австралија.
„Не добивам одредена плата од потрагата по злато. Ме плаќаат во злато. Секој ден е различен и зависи од тоа што наоѓаме. Тоа воопшто не е сигурен приход. Некои денови тоа е тавче грав, а некои денови јастог“, објасни таа.


Додека грутката од 20.000 долари беше случајно пронајдена на горниот слој на почвата, г-ѓа Махони рече дека сепак е потребен искусен трагач за да може да ја забележи.
„За да бидете трагач треба да знаете како да ја читате земјата и да го следите златото“, рече таа.
Мемоарите на Тајлер, соодветно насловени „Gold Digger“, го опишуваат нејзиното патување низ индустријата на професионално барање злато во која доминираат мажи.
„Како жена, многу е тешко да се добие место на масата, а потоа кога сте на маса, тешко е да ве почитуваат и слушнат“, рече таа.

Коментирај анонимно