Мотивирачка поддршка од Претседателката Давкова за Македонските Млади Информатичари, кои ќе не претставуваат на интернационалните олимпијади

Го споделуваме писмото од претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, упатено до нашите млади информатичари кои моментално се на кампот на Пониква, подготвувајќи се за претстојните интернационални олимпијади по информатика.


Почитувани млади информатичари, почитувани организатори,

Напрво би сакала да ви упатам најсрдечни поздрави и желби за успешен камп. Со оглед дека поради неодложни обврски не можев да дојдам и лично да го посетам вашиот камп, би сакала преку ова писмо да ја упатам мојата безрезервна поддршка на вашите активности и секако да ви посакам постигнување врвни резултати на претстојните информатички олимпијади. Не се сомневам дека успехот нема да изостане и заедно, уште во текот на летово, ќе се радуваме на освојувањето на нови медали.

Искористете го максимално времето поминато во кампот за учење, стекнување со нови знаења, добивање информации. Задоволувајте го вашето љубопитство и постојано надградувајте се како информатичари и созревајте како личности.

Драги пријатели,

Би сакала да ја искористам оваа можност и да упатам благодарност до сите професори и ментори, до поддржувачите на подготвителниот камп и секако до неговите организатори, здружението Бистри умови и ЗИМ – Здружението на Информатичари на Македонија. Вие имате навистина благородна цел да им пружите помош и поддршка на младите таленти. Ве охрабрувам и понатаму ревносно да ја остварувате вашата мисија.

На самиот крај, сакам уште еднаш да ве поздравам, и да ви посакам успешни подготовки, но и многу дружба и пријатни моменти во прекрасниот амбиент на Пониква.

Срдечно,
Гордана Силјановска Давкова


Ова писмо не само што е поддршка, туку и инспирација за сите млади информатичари да продолжат да го развиваат својот талент и да го носат знамето на Македонија со гордост на меѓународната сцена. Кампот на Пониква, организиран од здружението Бистри умови, е место каде што нашите најталентирани млади умови се подготвуваат за иднина полна со успеси и достигнувања.

Да ги поддржиме сите овие млади херои и да им посакаме среќа на престојните олимпијади! Македонија верува во вас!

  • Васе напиша:

    „Многу од моите колеги си одат, особено оние подобрите, тие што имаат големи успеси во студиите. На најдобрите дури не им е ниту прашање дали ќе останат, исклучоци се оние кои ќе останат. Да бидам искрен, сите размислуваат на таа тема, дали да си одат и никогаш не било сигурно дека ќе седат, рече Александар Ристоски, потпретседател на универзитетско студентско собрание, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.“

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *