Ало, госпоѓо, имаш ли мозок? Жена си го ризикуваше животот да биде ИЗЕДЕНА од мечка, само за да направи „селфи“ со неа

Талкањето во природа може да биде прекрасна работа, се додека мечка не никне од некаде и ви се нафрли. Сепак и кој нормален би се приближил на некое такво животно? Но, очигледно оваа лекција треба да се повтори за некои луѓе.

 

 

 

Се надеваме дека ова видео служи како совршена демонстрација за тоа што не треба да правите ако се соочите со мечка. Во клипот снимен во Романија, може да се види жена како оди до големата мечка покрај патот додека држи нешто во раката. Ќе си помислите сака да ја нахрани… но, не, таа сака да се слика со неа!

 

 

Работите се менуваат кога мечката ненадејно ќе ѝ се нафрли на жената, што ја тера брзо да се врати назад кон нејзиниот автомобил. И покрај тоа што животното застанува и ѝ дозволува да побегне, сепак ѝ упатува лут поглед за да ја предупреди да се обиде повторно да го стори тоа.

Оние кои снимаа извикнуваат во шок: „Целиот тој ризик за слика со мечка?“

 

 

И покрај тоа што не знаеме каде во Романија е снимен инцидентот, локалните власти издадоа предупредувања до возачите да не ги третираат мечките на патот како домашни миленици.

Костел Алексе, министерот за животна средина тогаш изјави: „Мечката е диво животно заштитено со закон, а не милениче. Уште еднаш им велам на граѓаните на оваа земја: мечка која пробала бисквити, наполитанки и чувствува дека на тој начин може да ја набави својата храна, никогаш повеќе нема да може да се прилагоди на шумата“.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *