Опа, како ќе реагира на ова секогаш недооблечената Бјанка Ценсори? 22-годишна манекенка ги покажа „несоодветните“ пораки што 47-годишниот Канје Вест ѝ ги праќал на Инстаграм

Микаела Лафуенте (22) го обвини Канје дека ѝ пратил пораки на Инстаграм на почетокот на оваа година барајќи од неа да се „дружи“ и да го слуша неговиот нов албум. Ах Канје, Канје.

 

Манекенката и инфлуенсер, која има дечко, го критикуваше дека тој е „непримерен“ и посочи дека на 47 години тој е двојно постар од неа. Таа ја сметала интеракцијата особено „чудна“ со оглед на тоа што никогаш претходно не разговарале лично, и вели дека првично мислела дека тоа е лажен профил.

 

„Беше смешно. Дечко ми и јас бевме во Вегас и поминував преку моите пораки на Инстаграм и ја видов пораката од Канје. На почетокот не верував во тоа и мислев дека е лажен профил, но не беше. Пораката беше прилично чудна бидејќи никогаш претходно не сум разговарала со него или го видела лично“, објасни таа.

 

Во конверзацијата, првичната порака на Канје до 22-годишната девојка едноставно гласи: „Назад во Кали“.

Пораките потоа продолжуваат со тоа што ја праѓува дали сака да се „дружи“ и да го слуша неговиот нов албум, но таа одбива.

 

„Мислам дека не е прифатливо да им испраќаш пораки на други жени кога си во брак. Тоа не е прифатливо“.

Микаела тврди дека откако таа го одбила, тој ги избришал сите негови пораки на Инстаграм до неа.

Нејзиното момче ги сподели пораките на Х, пишувајќи: „Канје ѝ се пушта по мојата девојка.. некој нека ѝ каже на Ким“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *