Се вратиле дома и ја нашле куќата забарикадирана со гајби пиво – а верувале или не тоа е традиција во Белгија

Нововенчаната двојка се вратила дома и открила дека нивната куќа е забарикадирана од илјадници гајби за пиво.

Пријателите на Џереми Дезмет и Маите Бернаерт го „украсиле“ домот на парот во Зандворде во Западна Фландрија, Белгија со гајби за пиво, блокирајќи им го влезот во куќата.

 

Овој чин е дел од белгиската традиција каде другарите им обезбедуваат „изненадувачки“ подарок на младенците по нивното враќање дома. За овој пар, нивниот подарок биле 2.000 гајби за пиво што ја покриваа нивната куќа во Зандворте во Западна Фландрија, Белгија.

 

Мозокот зад планот е Клеман Махие, кој изјави: „Целата куќа на Џереми и Маите е заградена со ѕидови, тие не можат да влезат никаде. Кога ќе се вратат дома, ќе мора да направат свои планови. Можеби можат да подигнат шатор во градината“.

Подарокот можеше да се извади благодарение на семејната врска на Махие со пиварницата и затоа и лесниот пристап до гајбите.

„Јас сум дел од семејната пиварница Vanuxeem во Ploegsteert. Првиот план беше камион од 860 гајби, но додека го полневме камионот, се предомисливме“.

Но, сепак за да се додаде романтика на барикадата, има и розеви гајби кои формираат срце.

„Еден од нашите пријатели е архитект и тој го нацрта планот. Имаше околу 10 луѓе кои работеа на изградбата и сакам да ги споменам сите: Луис, Жан, Дејвид, Мика, Пупу, Антоан, Ари, Седрик, Воутер и јас. Гајбите се полни со омиленото пиво на Џереми. Штом ќе успеат да ги испијат сите, ќе можат да ги вратат гајбите и да го „заработат“ депозитот од 4.200 евра“.

 

 

Но, нивните пријатели не се првите кои ја направија оваа шега, бидејќи имаа мисија да ги надминат претходните барикади.

Во јуни, на брачен пар во Ипрес, нивниот дом беше заграден со 480 гајби. Потоа, неколку недели подоцна, таа бројка беше надмината кога една куќа беше опкружена со 700 гајби.

И кога пријателите на младенците се одлучиле за истиот подарок, имале мисија да ги победат претходните.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *