„Јас сум штедлива мајка и на мојот син не му купувам нови играчки – собирам стари од улица или депонии“

Во сега веќе вирален „TikTok“, мајката Финли Пауел објаснува дека нејзиниот двегодишен син сакал автомобил играчка некое време, па побарала веќе користена играчка.

„Зарем има нешто подобро од наоѓање работи за без пари?“

 

 

 

Финли признава дека состојбата на играчката била жалосна.

„Сега, веројатно ќе мислите дека сум ужасна мајка за ова, но воздржете се од пресудата и почекајте додека не ја видите на крајот затоа што јас и мојот син направивме апсолутно неверојатна работа со ова“.

Финли користела кофа, четка за теписи и малку течност за чистење за да ја исчисти играчката.

„Меѓутоа, ќе ви кажам нешто, рацете ме болеа на крајот од ова. Мислам дека го чистев со таа четка околу половина час“.

Досетливата мајка признава дека можеле да ја купат играчката сосема нова, но се запрашала зошто да си ги троши парите, а и да придонесе за депонијата?

 

Финли продолжува: „Знам дека ова видео ќе ги подели мислењата дали сум штедлива мајка или сум во право или не, но навистина не ми е грижа“.

„Сега можеме да ги потрошиме тие пари правејќи нешто друго, а ова исто така го спасува овој автомобил да оди во депонија за отпад“.

„Значи, број еден ја спасивме планетата, број два, јас заштедив пари и три, на крајот на сето тоа сè уште имам среќно дете дома. И тоа е сè што е важно. Што е важно од каде доаѓа? Мојот син е среќен и тоа е сè што ми е важно“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *