Лионел Меси пред 16 години го благослови бебето Ламине Јамал, па дури и го капеше, за сега по толку време тој да биде негов најдостоен наследник

Чудесното дете на Шпанија и „Барселона“, Ламине Јамал, пред многу години бил „благословен“ од неговиот идол Лионел Меси.

16-годишниот напаѓач веќе ја воспостави својата репутација како еден од најголемите таленти на неговата генерација на Евроското првенство 2024 година. Младинскиот „производ“ на „Ла Масија“ собори неколку рекорди на турнирот, откако стана најмладиот играч во историјата на првенствата.

 

 

 

Тој го запиша своето име во историјата кога излезе на теренот против Хрватска на само 16 години и 338 дена, а на турнирот досега имаше три асистенции. И сега, откако постигна чудесен гол против Франција стана најмладиот стрелец во историјата на турнирот, па навивачите велат дека тој бил „благословен“ од фудбалскиот бог Лионел Меси.

Пред скоро 17 години, аргентинскиот напаѓач учествувал на настан заедно со шпанскиот весник „Диарио спорт“ за да собере пари за добротворни организации, вклучително и УНИЦЕФ. За време на снимањето, идниот победник на Светскиот куп, кој тогаш имал само 20 години, го лулкаше бебето Јамал, па дури и го капеше како дел од серијата фотографии направени од Џоан Монфорт.

 

 

Навистина, она што Меси никогаш не би можел да го предвиди е дека момчето на крајот ќе игра и за „Барселона“ и ќе стане меѓународна ѕвезда.

По правењето на фотографиите, Монфорт размислувал за тоа како првпат настанале сликите: „Тоа беше тешка фотографија за правење. Можеме да кажеме дека се испотив малку за да ја направам. Лионел Меси сè уште е срамежлив сега и тогаш многу посрамежлив кога требаше да бања бебе во корито“.

 

 

„И со неговата мајка. На почетокот немаше многу интеракција. На сите им беше тешко. Но, малку по малку, тоа почна да се случува и на крајот, излезе прилично добра фотографија“.

„Тогаш, никој не можеше да замисли дека ова бебе ќе биде тоа што е сега – а не можеше да се знае и дека Меси ќе стане тој што стана. Зборуваме за 2007 година. Меси тогаш само почнуваше во „Барса“. Судбината игра важна улога во овие работи“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *