Кога се ‘рчкаш со погрешен човек: Го каснало отровна змија додека спиел па тој се разбудил и ја изгризал до смрт

Сантош Лохар, спиел во камп на работници во близина на Раџаули во индиската држава Бихар, кога бил нападнат.

Откако се разбудил од сон, неговиот изненаден одговор бил брзо да ја зграпчи змијата со железна прачка и да ја гризне три пати, при што животното умрело.

 

35-годишникот, кој престојувал во шумската област како дел од тимот што поставува железнички линии, тврди дека неговата реакција потекнува од локална мудрост што доаѓа од неговото село Пандука во Џарканд.

„Во моето село, постои верување дека ако те касне змија, мора да ја каснеш двапати за да го неутрализираш отровот“.

 

Змискиот отров се складира во жлездите и се активира само штом ќе влезе во крвотокот, а дотогаш е супстанца слична на протеини. Змискиот отров се користи за лекување на рак, висок крвен притисок, срцев удар, мозочен удар, Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

 

Индија има околу 300 видови змии, од кои повеќе од 60 се отровни.

Ова ги вклучува смртоносната индиска кобра, лушпестата вајпер и раселовиот вајпер, на кој им се припишуваат 43% од сите каснувања од змии во Индија од 2000 до 2019 година, според студија од 2020 година.

Според Националната здравствена мисија, Бихар е во првите три индиски држави со најголем број напади од каснување од змија, што изнесува околу 4.500 смртни случаи годишно.

На Сантош му бил даден противотров и бил пуштен од болница следниот ден.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *