„Направив средство против комарци сама од неколку работи што сигурно ги имате во вашата кујна. Вака овие досадни инсекти „ќе ве мразат“
Една жена го сподели својот возбудлив начин како прави средство против комарци од прехранбена состојка. Мери, која е од јужна Флорида, наишла на совет на објава на „TikTok“ и одлучила сама да го проба.

„Се надевам дека ќе добиете сè што сакате во животот!“ Мери изјавила во своето видео, обраќајќи и се на жената која првично го споделила трикот за одбивање инсекти.
„Да ви кажам, го купив секој комерцијален производ за заштита од комарци, но очигледно имам вкусна крв. Ништо не функционира, а јас сум во јужна Флорида, и навистина е многу лошо, особено во овој период од годината“, објасни Мери.

Но, клучната состојка со која таа рече дека конечно успеала е екстрактот од ванила. Мери продолжи да опишува дека совршениот репелент „направи сам“ е создаден со мешање на чист екстракт од ванила со вода и малку цимет.
„Не само што мирисам на вкусна закуска, туку тоа и функционира! Функционира!“, заклучи Мери.
Таа потоа покажа како сега го носи растворот со ванила, вода и цимет со себе во шише со спреј.

Една статија од „House Beautiful“ во 2023 година потврди дека чистиот екстракт од ванила навистина може да биде ефикасен лек против комарци. Очигледно делува така што ги блокира човечките биолошки маркери за мирис кон кои генерално се привлекуваат комарците.
„Пот, мирис на телото, CO2, а понекогаш дури и од вашата крвна група може да испуштаат мириси што ги привлекуваат овие крвопијци“, изјави за медиумот специјалистот за контрола на штетници Шенон Харлоу-Елис.
„Екстрактот од ванила, како и некои други растителни деривати, ќе го маскира мирисот што го бараат комарците кога бараат крвен оброк“, објасни таа понатаму.

Коментирај анонимно