„Го фатив дечко ми како ме изневерува на најнеочекуван начин – неговата реакција беше бесценета“

Бразилката Керол Лекер останала со скршено срце кога го открила тајниот двоен живот на нејзиниот партнер. Во „Прашања и одговори“ на Инстаграм, таа беше прашана дали била изневерена.

Таа рече: „Имав врска со момче неколку месеци. Тој беше апсурдно љубоморен, типична Скорпија, мојата прва врска со некој од тој знак и се сомневав дека ме изневерува“.

 

Керол раскажа како инсталирала Apple AirTag во автомобилот на нејзиното момче и почнала да ги следи неговите чекори. Таа додаде: „Тоа е вид на зависност. Почнав да го гледам неколку минути дневно, а потоа траеше со часови, се додека не дојде до точка каде што бев целосно зависна од проверката на неговата локација“.

Во одреден ден, инфлуенсерката рече дека нејзиното момче тврдело дека оди во теретана, но локацијата покажала поинаку.

 

Таа наведе: „Ми кажа дека оди во теретана, но на апликацијата видов дека оди на друго место. Решив да одам во теретана како изненадување и му се јавив.

„Што беше најинтерено тој упорно инсистираше дека е во теретана иако јас му кажував дека сум во теретаната и гледам дека тој не е таму. Оттогаш се скаравме и тој на крајот призна дека изневерил“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *