Прашање на време беше кога ќе почнат: Луда теорија на заговор за атентатот на Трамп
Теоријата на заговор тврди дека обидот за атентат на Доналд Трамп бил дел од наводниот обид да се спречи тој да ја „објави вистината за НЛО“.

Тврдењата се повикуваат на наводните афери кои легендарната Мерилин Монро ги имала и со поранешниот американски претседател Џон Ф Кенеди и со неговиот брат Роберт Ф Кенеди. Оваа луда теорија ја предложи режисерот на НЛО филмови, Марк Кристофер Ли, кој рече: „Звучи пресилно, но верувам дека овој обид можеби се должи на фактот дека ако повторно биде избран за претседател Трамп ќе ја објави целосната вистина за НЛО. Тој веќе рече дека ќе ги објави сите досиеја за атентатот на ЏФК и верувам дека во тие досиеја ќе има доказ дека и ЏФК и неговата љубовница Мерилин Монро биле убиени поради тоа што и двајцата сакале оваа информација да биде објавена во јавноста“.

Во саботата (13 јули) куршум му го пресече увото на Трамп, кој за влакно избегна фатални повреди, за време на митингот во Батлер, Пенсилванија. 20-годишниот Томас Метју Крукс се обиде да го убие при што за време загина тој и уште едно лице, а трето лице беше со тешки повреди.
Како дел од чудната теорија, Ли тврдеше дека меѓу нас би можело да живеат вонземјани – и дека американската влада тоа го држи во тајност бидејќи општата популација „не би можела да се справи со тоа“.

Тој рече: „Вистината е многу побизарна и почудна и претпоставувам дека оние што го контролираат ова – најверојатно таен оддел на американската војска можеби елитата Колинс – ја знаат оваа вистина и веруваат дека јавноста нема да може да се справи со неа. Тие би можеле да се справат со други форми на живот од други планети кои се физички суштества, но се сомневам дека би можеле да се справат со интердимензионална интелигенција што постои во некоја друга форма на реалност. Можеби квантната физика на крајот ќе може да го докаже ова“.
Во врска со декласификацијата на американските владини истражувања поврзани со НЛО, поранешниот претседател Трамп изјави во 2023 година на својата платформа „Truth Social“: „Кога ќе се вратам во Белата куќа, ќе ги декласифицирам и отпечатам сите документи поврзани со атентатот на ЏФК, поминаа 60 години, време за американскиот народ да ја знае ВИСТИНАТА!“


Коментирај анонимно