12 луѓе кои се осмелиле да ја остават својата корпоративна работа зад себе и да започнат нов живот

Не сите од нас сме способни да свртиме нова страница, да ја напуштиме здодевната работа и да ги следиме нашите соништа. Но, многу од оние кои го направиле тоа не се каат ни трошка за својот избор. И не е важно што некои од нив заработувале луди пари работејќи во голема компанија, а сега се техничари за нокти или прават домашни сапуни. Главната работа е што нивните очи сега светат од среќа.

  • „На 26 години престанав да предавам во училиште и почнав да работам од далечина. Мојата свекрва тогаш озборуваше: „Само седи дома и си игра на компјутер“. Еден ден, таа ми се развика: „Кога ќе се вработиш?!“ Требаше да го видите нејзиното лице кога и кажав дека мојата заработка е веќе двојно поголема од онаа што ја заработија нејзиниот скапоцен син и мојот тогашен сопруг.
    Инаку, сега работам како професорка само во онлајн училиште. Се будам, се шминкам, ставам пристоен горен дел, го вклучувам лаптопот и веќе сум на работа“.
  • „Пред 7 месеци, дадов отказ од мојата работа во „Walmart“ за да правам накит, и јас сум целосно самоука. Вчера ја завршив мојата најкомплицирана изработка досега: прстен направен со стакло Тринитит“.

 

 

  • „Ја напуштив канцелариската работа во САД, ги продадов своите недвижнини и се преселив во Тајланд. Најдобра одлука досега. Мојот нов двор“.

 

 

  • „Поминаа 3 месеци откако дадов отказ од корпоративната работа за да правам уметност. Еве ја мојата уметност!“

 

 

 

  • „Имам скоро 40 години. Бев „web developer“ за една мала корпорација. Беше добра работа, но бескрајните денови на компјутерот навистина почнаа да ме вознемируваат. Дадов отказ од работата пред 4 години за да правам убави вакви фотографии“.
  • „Нов ден – нова одлука. Изгледаше како обичен ден, но тоа утро наеднаш решив дека е време за промена. Ја напуштив работата, го продадов мојот еднособен стан на некоја агенција за недвижности за смешно ниска цена, купив нови апостолки, куфер и билет за Тајланд. Сега седам и чекам да се качам на мојот лет. Зад мене има престижна работа и стабилност, а напред е празнината и непознатото, но за прв пат по 26 години се чувствувам навистина среќен“.
  • „Ја напуштив работата пред една година и почнав да возам мотори, тоа стана вистинска страст за мене“.

 

 

 

 

  • „Радоста пука од нејзиното лице! Мојата сопруга ја напушти работата за да се занимава со домашни сапуни!“

 

 

 

 

  • „Порано работев во дневен престој. Родителите, кога ги земаа децата, секогаш беа воодушевени од нивните разновидни и интересни фризури. 6 месеци подоцна, ја напуштив работата и заминав да се барам себеси. Сега живеам во голем град и сум познат стилист. Правам свадбени и вечерни фризури. Мојот распоред е полн за следните 2-3 месеци. Сакам да им се заблагодарам на сите мои манекенки, без кои сето ова веројатно никогаш немаше да се случи“.
  • „Ја напуштив работата за да бидам уметник и некако успеа“.

 

 

 

  • „Следниот месец ќе наполнам 30 години. Практично цел живот работев менаџмент и право, но одамна сакав да се пробам во готвењето. Бев обесхрабрен  и се плашев. И тогаш сфатив дека секое утро ми започнува во солзи и депресија. Утре ми е последен ден на работа. Одеднаш, моето CV (барам работа како готвач) се покажа многу популарно, и покрај мојот недостаток на искуство“.
  • „Ја напуштив мојата престижна работа, ги продадов сите мои вредни работи и тргнав на пат околу светот. По 2 месеци од патувањето, имам 8 африкански земји зад мене. Пред само 6 месеци, ќе се смеев ако некој ми кажеше дека ќе го пишувам овој пост додека сум во Мозамбик. Соништата се остваруваат! Потребна е само одлучност да се направи чекор кон нив. Не плашете се, не паничете, следете го гласот на вашето срце. И мислам дека ја запознав љубовта на мојот живот“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *