Баш му е гајле: 61 годишниот „пират“ Џони Деп си најде нова 33 години помлада девојка, што буквално може да му биде ќерка!
Џони Деп, 61-годишниот актер познат по својата улога во „Пиратите од Карибите“, неодамна се врати во центарот на вниманието со нова девојка. По бурниот развод од актерката Амбер Херд, Деп најде утеха со 28-годишна манекенка. Еве што знаеме за нивната врска.

Навидум првата сериозна врска на Деп по неговиот развод со Херд, беше со адвокатката Џоел Рич. Сепак, од нивната разделба во ноември 2022 година, љубовниот живот на Деп остана дискретен и мистериозен.

Јулија Власова, модел и козметичарка, влезе во животот на Деп во август 2021 година на 55-от Меѓународен филмски фестивал во Карлови Вари. Двојката неодамна повторно беше забележана на лондонскиот хелиодром, што ја разгоре љубопитноста за нивната врска. Власова „долеа масло на огнот“ споделувајќи фотографии во приватен авион, па дури и навестувајќи ја свршувачката со емотикони од прстен на нејзиниот пост на „Инстаграм“.
Johnny Depp's new girlfriend REVEALED: Actor dating 28-year-old Russian beautician and model Yulia Vlasova – two years after Amber Heard defamation trial https://t.co/PyNOyGkanI
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) July 15, 2024

Сепак, извори појаснија дека не се толку официјални. Додека фановите се среќни што Џони повторно ја нашол љубовта во неговиот живот, некои не се сигурни како да се чувствуваат поради 33-годишната старосна разлика меѓу нив и фактот дека ќерката на Деп, Лили-Роуз е поблиску до возраста на Јулија.

Коментирај анонимно