Рецепт за вкусна македонска турлитава со свинско месо

Едно од омилените македонски јадења на секое домаќинство кое ја почитува традиционалната храна, е турлитавата. За некои луѓе може да биде малку потешка за правење, па затоа ја избегнуваат. Но, затоа ние денес ќе ви предложиме еден начин што, да, ќе ви одземе малку време, но ќе вреди, затоа што турлитавата ќе биде „прсти да излижеш“.

Можете да ја правите со свинско месо, или со повеќе меса, јагнешко, телешко, пилешко.

 

 

 

Потребни состојки:

  • 500 гр свинско месо
  • 2 пиперки
  • 2 главици кромид
  • 1 главичка лук
  • 1 црн патлиџан
  • 1 тиквичка
  • 200 гр бамја
  • 2 поголеми компира
  • 2 домати (или 300 гр доматен сос)
  • 250 мл црно вино
  • 200 мл вода
  • сол, бибер, ловоров лист, магдонос, црвена пипер
  • 3 моркови

 

 

 

Начин на подготовка

Месото пропржете го на тава на оган на 2-3 лажици масло. Зеленчукот (освен бамјата) исечкајте го на коцки или кругови. Измешајте го зеленчукот со месото и ставете го на тава за печење, најдобро ќе биде земјена тава, доколку имате. Додајте го преостанатиот дел од маслото, зачините и доматниот сос. Ставете ја тавата да се пече на 200 степени на загреана рерна, но потоа намалете на 180 степени, по некоја минута. Јадењето би требало да се пече околу 1 час и 20 до 30 минути. На крајот додадете ја бамјата и печете уште 10 минути.

На здравје!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *