„Дознав дека мојот сопруг ме изневерува, па сега јас и сопругот на љубовницата на мојот сопруг имаме совршен план како да им се одмаздиме“

Изневерувањето е забрането, а правилно е да разговарате со партнерот и само ако почуствувате искушение за некој друг.

Но, кога една жена открила дека нејзиниот сопруг се гледа со друга жена, таа не седнала и плачела, ниту се соочила со лошиот сопруг. Наместо тоа, таа скроила план за одмазда, вклучувајќи го сопругот на жената со која нејзиниот маж ја изневерувал.

Целата драма се одвиваше на „X“, каде што „Non Aesthetic Things“ сподели клип од жената која го објаснува нејзиниот план.

 

 

 

Одмаздољубивата сопруга додека ноншалантно си ја четкаше косата, на своите следбеници им кажа сè. Таа рече: „Штотуку дознав дека мојот сопруг ме изневерува во последните три месеци. Ја најдов на „Инстаграм“, а и таа е мажена, па вечерва јас и нејзиниот сопруг ќе вечераме на масата веднаш до нив…а тие немаат поим. Посакајте ми среќа!”

Љубопитните следбеници бараа „следено видео“ за да дознаат како поминала вечерата. Други се огласија за тоа колку ќе биде „срамна“ ситуацијата за парот што изневерува.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *