„Не е ни чудо што ги силуваат!“ Девојка добила критика за нејзината облека од повозрасна жена, па коментарот набргу се претвори во „караница“

Даниела Ракдоун (21) од Растингтон, Англија, била шокирана и лута откако слушнала една постара жена како вели „не е ни чудо што ги силуваат“, потенцирајќи кон нејзината облека, додека се качувала на возот за Брајтон.

 

 

 

Даниела, била облечена во бело мини здолниште и кроп топ со леопард со принт, но била изненадена од коментарот на жената, за која вели дека била помеѓу 70 и 80 години.

Се чувствував ужасно и одвратно“, ијзави Даниела.

„Не можев да верувам дека нечиј ум работи така, особено на жена“.

Даниела решила да се соочи со постарата жена и го снимила разговорот. Прашала дали коментарот е насочен кон неа, на што жената одговорила: „Вие девојки шетате со многу малку облека, изгледате убаво. Мажите ве гледаат и сакаат да бидат со вас“.

Даниела одговорила: „Мажот не треба да силува никого. Тоа нема врска со мене“. Жената продолжила да се расправа: „Не се сите мажи такви. Тие не размислуваат исто како нас. Треба да бидете многу внимателни“.

 

 

Даниела го завршила разговорот велејќи: „Претпоставувам дека тоа е вашата генерација, нели?“

Даниела го објави видеото на „TikTok“ и доби поддршка од гледачите кои ја пофалија нејзината храброст и елоквентност. 

  • Ludak MK напиша:

    Kolku e ruzna i gola da seta ne bi ja pipnal uhahaahahahahhahah a ludilooo jeeeee nema pari nema leb narod gladen i cel svet dupe sviri zivot kaooo meeeeeed slika facebook milioner pariz frankfurt kukja u nered ajaaujjjannanasaannaaaa

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *