Дали Турците пратија платен убиец на Олимпијада? Погледнете зошто овој стрелец стана хит на интернет
Веројатно веќе насекаде ја гледате фотографијата од турскиот олимпиец Јусуф Дикеч, кој е дел од тимот кој се натпреварува во дисциплината 10 метри воздушен пиштол. Зошто овој човек е хит?
51-годишниот олимпиец и неговата партнерка Шеввал Илајда Тархан освоија сребрен медал, но беше невообичаениот пристап на Дикеч кон натпреварувањет ја направи неговата слика вирална.
Така, сега интернетот е преплавен со фотографијата од Дикеч на која се гледа како тој се натпреварува во некарактеристично релаксирана позиција, без вообичаената опрема и со едната рака в џеб.
Повеќето стрелци на Олимписките игри користат заштита за ушите кога стрелаат и носат специјализирани очила кои го прикриваат видот на едното око за да не мора да го држат затворено, а понекогаш имаат и затемнети леќи за да им помогнат со одблесокот.
„Турција испрати 51-годишен човек без специјализирани леќи, покривка за очи или заштита за ушите, и освои сребрен медал“ – напиша еден.
„Знам обучен убиец кога ќе го видам“, се пошегува друг.
„Дали Турција испрати платен убиец на Олимписките игри?“ напиша друг.
Четврти коментираше: „Турската влада: Имаме различен вид работа за тебе оваа недела“.
„Изгледа како да се одлучил да оди на Олимпијада кога се разбудил утринава“
Твитерџиите, како и секогаш, се покажаа како многу креативни, па ви пренесуваме уште неколку од нивните досетки.
Ova ti e prav OLIMPIEC,a ne kako poveketo sportisti so novi tehnoloski izumi i opremi sakaat da gi pobedat ostanatite sportisti koi ne mozat da si priustat od taa oprema ili nekoi mozat,no ne sakaat da izigravat klovnovi,pa krajniot rezultat e ocigleden.
Коментирај анонимно