Откриена е цената на спермата на еден од најбогатите технолошки магнати во Светот – како и неверојатниот број на деца кои ги има зачнато

Павел Дуров е рускиот човек зад апликацијата за пораки Telegram и руската социјална мрежа Vkontakte.

Се смета дека е вреден околу 16,5 милијарди евра, а 39-годишниот, кој има пет официјални националности, сега призна дека има околу 100 биолошки деца. И сака уште повеќе…

 

Според руската новинарска страница E1.RU, спермата на Дуров може да се купи од клиника во Москва, Русија, и чини само 35.000 рубли – тоа е 23.200 денари за нас.

Ќе ви биде тешко да ја најдете, сепак, бидејќи Дуров е означен само како „донор на сперма шест“, со цените кои драматично растат во зависност од начинот на користење на спермата.

За ИВФ третман, може да чини повеќе од 300.000 рубли – околу 200.000 денари – додека вештачкото оплодување чини САМО 50.900 денари.

 

Истрагата на страницата исто така откри го профилот кој клиниката го има за него, каде што се наведува дека тој е вегетаријанец, сака да станува рано и зборува девет странски јазици вклучувајќи Англиски, Персиски и Латински.

Дуров е околу 176 сантиметри и тежи 71 килограм. И на крај, носи чевли број 43, што е број девет во Обединетото Кралство. Профилот исто така вклучува кратка изјава од Дуров, каде што вели: „Работлив, целоориентиран, одлучен, верен на своите принципи, љубител на слободата – секогаш сакав да работам за себе и да бидам слободен. Човек не може да стане вистински слободен додека постои во ќор-сокак парадигма на ‘роб – господар’. Во овој систем, секој господар е нечиј роб, и секој роб е нечиј господар. Останувајќи роб на парите, невозможно е да станете вистински господар на својот живот“

 

И покрај тоа што има армија на деца, поради руските закони за донори на сперма, ниедно од нив нема да може да бара дел од неговото богатство. Правниот експерт Сергеј Жорин изјави: „Се разбира, некои жени може да се обидат да одат на суд, но нивните шанси се приближно нула. Не исклучувам дека постојат земји каде што може да има различни правила. Беше доста ризично од страна на Дуров да го објави податокот за донацијата, бидејќи може да почнат провокации.“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *