„Заработувам над 76.000 долари со тоа што „копам“ по контејнери – нема да верувате што сѐ фрлаат луѓето“
34-годишната Тифани Батлер се фали дека заработила над 76.000 долари од собирање предмети од контејнери. Таа, како мајка од Тексас, ги собира пронајдените предмети и ги препродава онлајн.
„Никогаш не знаеш кога продавниците ќе фрлат нешто – сè е за среќа,“ вели Батлер, која пребарува контејнери два до три пати неделно.
Во едно од нејзините последни пребарувања, таа пронашла нови патики New Balance, шишиња за вода, маици и чорапи – сите со етикети.
Иако многумина се згрозуваат од идејата за пребарување контејнери, Батлер успеала да заработи околу 80.000 долари за две години. Таа има преференции за контејнери зад продавници со висок квалитет и го прави ова веќе осум години.
И нормално многу луѓе на интернет ја фалат нејзината идеја за заработка.
„Ова е толку глупаво од страна на продавниците да фрлаат вакви предмети, особено кога луѓето имаат тешкотии да купат основни потреби“
„Одлична зделка и многу од овие предмети не се ефтини“
Иако има многу заблуди, пребарувањето контејнери е легално во сите 50 држави во САД, но може да стане нелегално ако игнорирате предупредувачки знаци, влезете на приватен имот, отклучувате контејнер или се однесувате недолично.
Па не знам што чекаме и зошто учиме факултети, кога одговорот е пред нас секој ден….
Коментирај анонимно