10 кратки вицови за да заборавите на секојдневните грижи

Разговараат Швајцарец и Македонец. Швајцарецот вели:
– Кај нас во Швајцарија е забрането да се кажува кој колкава плата зема, а како е кај вас?
– Кај нас во Македонија не е забрането, туку е срамота!

– – – – – – –

Влегува сопругот испаничен во спалната и вика:
– Жено, станувај, куќата ни гори!
А од шифоњерот се слуша глас:
– Спасете си го прво мебелот!

– – – – – – –

– Каде работиш?
– Во државна администрација!
– Што поточно?
– Е тоа и јас не можам да ти го кажам!

– – – – – – –

Вистинскиот македонски возач не прашува каде е тоалетот… Тој сам решава каде е!

– – – – – – –

– Брат, кога последен пат си бил со женска?
– Што ден сме денес?
– Недела!
– Во октомври, лани!

– – – – – – –

Две плавуши среде кавга:
– Е значи многу си глупава!
– А ти па дури ни глупава не си!
– Јас ли мори не сум глупава?!

– – – – – – –

Детството завршува тогаш кога мајка ти ќе престане да ги крие чоколадите, а татко ти ќе почне да ја крие ракијата.

– – – – – – –

Директорот на офталмолошкото одделение во голема болница се пензионира.
За спомен колегите му подаруваат голема модернистичка слика која прикажува огромно око.
Офталмологот си мисли:
„Добро е што не сум гинеколог!“

– – – – – – –

– Тато, која е разликата помеѓу мажот и петелот?
– Мажот го скубат жив, сине!

– – – – – – –

Разговараат две плавуши:
– Вчера вечерта со мојот во кревет си замислував дека сум со Бред Пит.
– И како беше?
– Па, што да ти кажам – баш од Бред Пит очекував повеќе.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *