Барам развод и ќе ти ја земам куќата (виц)
Брачен пар се возат во семејниот автомобил. Одеднаш, без никаков вовед, жената вели:
– Сакам развод! И од сега ти кажувам – ќе ја земам куќата.
Мажот не рекол ништо, но ја зголемува брзината од 50 на 80 км/час.
Жената продолжила:
– Вилата исто така останува целосно во моја сопственост.
Сопругот пак со молчење притиска гаста. Автомобилот забрзува на 100 км/час.
Жената продолжува во истиот дух:
– Парите од заедничката банкарска сметка ќе ти ги земам до последен денар.
Автомобилот веќе лета со 150 км/час.
Алчната сопруга пак:
– И на овој автомобил можеш да му кажеш „Збогум!“
Мажот ја зголемува брзината на 200 км/час. Но од неговата уста сѐ уште не излегувала ниту збор.
Тогаш сопругата го прашува:
– И? Нема ли да кажеш ништо? Нема ли да се бориш? Нема ли да побараш барем нешто за себе?
Конечно, сопругот прозборува:
– Имам сè што ми треба.
Жената театрално ги крева веѓите и го прашува подбивно:
– Ооо, така ли? И што е тоа, ако не е тајна?
Мажот:
– Воздушно перниче.
Muchas gracias. ?Como puedo iniciar sesion?
Коментирај анонимно