Што има во мистериозната кутија што им се доделува на олимпијците кои ќе си обезбедат место на подиумот?
Олимпијадата во Париз 2024 година е во тек, а за многумина се уште остана нејасно што има во кутијата што ја добиваат оние коишто се закитија со медали.
На олимпијците кои ќе ги остварат своите соништа и ќе стигнат до место на подиумот добиваат медал и мистериозна кутија. И за среќа, за нас љубопитните гледачи, некои ѕвезди се огласија на социјалните мрежи за да објаснат што има во нивната награда.
Внатре во кутијата има завиткан отпечаток од официјалниот постер на Олимпијадата во Париз, кој, само за освојувачите на златни медали, е украсен со златен вез.
Австралијката Џесика Фокс, која освои два златни медали во Париз, го објасни постерот во видео на социјалните мрежи.
Таа рече: „Многу луѓе прашуваа: „Што има во кутијата што ни се дава на подиумот кога ги добиваме медалите во Париз. Обично ја добиваме маскотата или добиваме цвеќе, но овој пат, тоа е малку поуникатно, и мислам дека тоа е всушност навистина кул концепт!“
Постерите беа дизајнирани од илустраторот Уго Гатони и беа потребни речиси 2.000 часа за да се завршат.
„Сакав да ја раскажам приказната за Париз 2024 година“, изјави за веб-страницата на Олимпијадата Јоаким Ронцин, директор за дизајн на Париз 2024 година.
„Сакав постерот да раскажува безброј работи, да биде полн со симболи. Има многу мали детали, тие се приказни во приказните“.
Доколку обожавателите сакаат подетално да го погледнат постерот, можат да го посетат Музејот Орсеј – каде моментално се прикажува оригиналот.
Коментирај анонимно