Пар добил неверојатно голема сметка за храна на плажа на Ибица, прашувајќи се дали станува збор за грешка: „400 евра за двајца е навистина премногу!“
Брачен пар останал во шок откако добил огромна сметка на плажа на Ибица.

Федерика и Џузепе – кои ги споделуваат своите патувања на социјалните мрежи како @ilmioviaggioanapoli, рекоа дека мислеле дека „мора нешто да не е во ред“ откако сметката дошла на нивната маса.
Двојката, од Италија, биле во посета на клубот „Cala Bassa Beach“, кој се наоѓа на плажата Сант Хосеп во Ибица.

Иако Ибица не е најевтиното место за одмор, Федерика и Џузепе признаа дека биле шокирани кога нивната сметка од 400 евра дошла на масата. Сметката се состоела од 40 евра за лежалки, 160 евра за едно шише шампањ и 200 евра за храна. Двојката откри како на крајот потрошиле толку многу на нивниот ручек, објаснувајќи што нарачале во клубот на плажа.

„Нешто не е во ред овде, затоа што платив повеќе за да бидам тука неколку часа, отколку на летот за да го посетам островот“, рече Џузепе.
Луѓето беа прилично воодушевени од видеото, додека други воопшто не беа изненадени.
Еден напиша: „Добредојдовте на Ибица“.
Додека друг рече: „Благодарам сега знам каде да НЕ одам“.

So se silish ko nemash shushki tie tamo ne se za da ti gi ladat tashacite 😂
A da si procitale cenite prvo nemase da gi boli glava sega 😂
Коментирај анонимно