„Рецепт од тетратките на баба“: Слатки задоволства наречени шаралопчиња со ореви

Рецепт што дефинитивно некои од вас ќе ги врати во детството и веднаш ќе посакате да го направите за вашите најмили. Како што вели „Магична ГАЛА кујна“, овој стар рецепт за шаралопчиња најверојатно е да го најдете во тетратките со рецепти на вашите мајки или баби, а доколку вие сте таа мајка или баба ве потсетуваме да не чекате и веднаш да се фатите за работа.

 

 

 

 

  • Замесете тесто од 3 јајца, 3 лажици шеќер, 1 ванила, рендана кора од лимон, 3 филџани (од 100 мл) масло, 3 филџани млеко, 3 филџани гриз, 1 коцка свеж квасец и брашно. Треба да се добие меко тесто кое не се лепи за раце.
  • Оставете го тестото да одмори околу 15 минути.

 

 

 

  • Направете топчиња кои ќе ги притиснете на боцкавата страна на рендето, ставете орев и замотајте колаче. Редете ги во тавче и кога се готови сите печете во загреана печка.
  • Температурата мора сами да ја одредите затоа што најдобро знаете како пече вашата печка.
  • Печените колачиња оставете ги да се извадат.
  • Направете шербет од 1 кг шеќер и 1 литар вода. Кога ќе зоврие, оставете да врие 5 минути.

 

 

  • Колачињата наредете ги во тенџере, прелијте ги со шербет и поклопете со капак. Оставете да го впишат шербетот.
  • После 2 часа префрлете ги во друго тенџере, тие што биле горе да бидат долу, шербетот да се загрее повторно, да се прелијат и да се поклопат. Вака сите еднакво впиваат шербет.
  • Оставете ги да се изладат. Кога ќе ги послужите посипете ги со мелени ореви.

  • Филип напиша:

    Мотика, никој нема да ви замери ако некогаш не објавите ништо.
    Ама немојте да објавувате статии, колку ете, да има нешто. Си има сајтови за кулинарство.

    П. С. Сакате ли да ви го донесам тефтерот од баба ми? Со над 100 рецепти е.

  • Bojan напиша:

    TRCI da ne zastanesss :)))

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *