„Без постојано болна и уморна кога имав 15 години и мислев дека имам интолеранција на лактоза – излезе дека сум БРЕМЕНА“

Тинејџерка била шокирана кога на само 15 години дознала дека е бремена, откако прво помислила дека боледува од нетолеранција на лактоза.

 

 

 

Софија Кадмири, од Санта Круз, Калифорнија, останала бремена со својот син додека сè уште била на училиште. Честопати се чувствувала болна и уморна наутро, но ги свела своите проблеми на нетолеранцијата на млечни производи со која се борела со години.

Меѓутоа, како што симптомите продолжиле да се развиваар, на Софија и на нејзиното момче им станало јасно дека таа е всушност бремена.

„Во суштина воопшто не мислев дека сум бремена“, објасни таа во видеото на „TikTok“.

„Бев многу болна и уморна цело време, мислев дека се случува затоа што јадев многу млечни производи, а отсекогаш сум имала нетолеранција на млечни производи“.

Посетувајќи приватно христијанско училиште, со совршени оценки, Софија ги шокирала пријателите и семејството кога открила дека треба да стане мајка. И покрај тоа што на почетокот имала одредени резерви, тинејџерката набрзо се заљубила во идејата да израсне дете.

 

 

Загрижени за тоа каква ќе биде реакцијата на нивното семејство, младите родители на крајот собрале храброст да ја откријат големата вест. Софи решила прво да ѝ каже на баба ѝ и почекала да излезе од дома за да и испрати СМС порака. Сакајќи да се увери дека бременоста е легитимна, нејзината баба отишла директно во продавница и ѝ купила тест на Софија, кој се покажал позитивен.

Иако првичната реакција од нејзиното семејство била разочарување, Софија и нејзиното момче им докажале дека се одговорни.

Софија сега го прифатила мајчинството одговорно и често објавува како мајка- тинејџерка на „ТикТок“.

„Можеби сум млада, но станувањето мајка е најдоброто нешто што ми се случило“, напиша таа во една објава.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *