Олимпиец ја откри шокантната состојба на неговиот медал нешто повеќе од една недела откако го освои во Париз: „Медалов како да бил во војна“
Скејтбордерот од тимот од САД, Нијах Хјустон ја сподели „лошата“ состојба на неговиот олимписки медал само една недела откако го освои во Париз.
29-годишниот заврши на третото место во машкото финале на улица зад неговиот сонародник Џегер Итон кој го освои среброто откако Јапонецот Јуто Хоригоме го освои златото на 29 јули. Сепак, по нешто повеќе од една недела тој забележа како неговиот олимписки медал почнува да се влошува.
Раскажувајќи ја својата приказна на „Инстаграм“ во четвртокот (8 август), Хјустон им покажа на своите 5,3 милиони следбеници каква е состојбата на неговиот бронзен медал. Во краткиот клип тој вели: „Добро, па овие олимписки медали изгледаат одлично кога се сосема нови. Но, откако го оставив малку да ми седи на кожата со малку пот и им дозволив на моите пријатели да го носат за време на викендот… Очигледно не се толку квалитетни како што мислите. Дури и предниот дел, почнува малку да се распаѓа“.
Медалите за Игрите беа дизајнирани од париската куќа за накит „Chaumetand“ и беа изработени во париска ковачница.
Коментирај анонимно