Студентка од Париз живее во „најмалиот стан на светот“ и плаќа 530 долари месечно: „Таа буквално изнајмува плакар!“

Наталија Вега се преселила од Перу во Градот на светлината во декември 2021 година и оттогаш објавува за нејзиниот забавен живот како студент во Франција на нејзиниот „Инстаграм профил“, каде што собра повеќе од 54.000 следбеници.

 

 

 

И додека студентката по комуникациски студии сака да ги истакнува своите неверојатни денови во Париз на интернет, животот таму не е секогаш толку волшебен како што изгледа. Зад сјајот и гламурот на блескавата Ајфелова кула, Наталија ја откри реалноста на живеењето во Париз, кој е погоден од моменталните високи трошоци за живот.

Таа се огласи на „Инстаграм“ за да го покаже својот стан од 9 квадратни метри, кој се наоѓа во прекрасниот „7-ми арондисман“ во градот. Поради малото место, Наталија морала да биде креативна и да го користи својот кујнски пулт како биро.

 

 

Во станот има еден прозорец, кој седи веднаш над нејзиниот кревет.

Лицето зад камерата ја праша Наталија како може да престојува во малиот простор.

Таа одговори: „Не знам“. Таа откри и дека таму живее две години и плаќа 530 долари месечно.

Според „Економското разузнавање“, Париз е вториот најскап град во светот за живеење.

Комбинацијата на тоа што тој е еден од најпосетуваните градови и тоа што е економски центар го направи престојот во францускиот главен град да има висока цена.
„Во просек, цените на стоките и услугите се зголемија за 3,5% на годишно ниво, што е највисока стапка на инфлација забележана во последните пет години“, открива „Economic Intelligence“.

 

 

Просечната цена на киријата во Париз е 818 долари, што е 288 долари повеќе од она што го плаќа Наталија. Наталија сподели како навистина се чувствува за нејзиниот дом додека зборуваше за „Newsweek“.

Таа изјави за медиумот: „Учам за комуникации во Париз и моето училиште има база на податоци за сместување, така што ми беше навистина лесно да го изнајмувам станот. Бидејќи таквите места се за студенти, не ми пречеше да го земам затоа што обично го поминувам целиот ден на училиште и само одам таму да спијам. И покрај тоа што станот е 9 квадрати, имам сопствен тоалет, машина за перење, па дури и кујна. Понекогаш, оние што изнајмуваат ваков тип на соби, познати во Франција како „chambre de bonnes“, мора да ги делат тоалетите, да немаат машини за перење, па дури и кујни“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *