10 кратки вицови за да се смеете до крајот на денот
2000: Жената никогаш не се прашува за годините
2024: Жената никогаш не се прашува за полот
—
Двајца мажи во кафеана:
– Вчера жена ми ми рече дека детето не е мое. Знаеш ли како се почувствував?
– И што се случи потоа?
– Потоа ми рече да внимавам повеќе кога ги земам децата од градинка.
—
Млад лекар споделува со шефот на одделението:
– Во четвртата соба има пациент, кој, според параметрите, одамна требаше да биде починат!
– Така е, кога на човек му се живее, медицината е НЕМОЌНА!
—
– Зошто Македонија толку лошо се претставува на Олимпијадата?
– Затоа што секој што може брзо да трча и да скока, веќе е во Западна Европа.
—
– Мамо, бремена сум!
– А каде ти беше главата, ќерко моја?
– На хаубата.
—
Новите правила во женскиот бокс:
Се забрануваат удари во тест*сите.
—
Сопругата:
– Утре е 30-годишнината од нашата свадба, сакаш ли да го заколеме прасето?
– Зошто, што е виновно тоа?!
—
Шефот му вели на вработениот кој доаѓа на работа со страшна главоболка:
– Пак пиеше а?
– Да, пиев, а ако ме плаќаше добро и ќе мезев и немаше да ме боли глава!
—
Жената му вели на мажот:
– Драги, го гледаш ли оној пијаница? Пред 30 години сакаше да се ожени со мене, но јас го одбив.
– Па, уште го слави човекот…
—
Македонец во Египет. Чуварот му вели:
– Господине, не можете да седите тука! Ова е тронот на Тутанкамон!!!
– Добро де! Кога ќе дојде, ќе станам.
Коментирај анонимно