Жена е осудена на 9 години казна затвор, поради тоа што украла 11.000 кутии пилешки крилца во вредност од 1,5 милиони долари

Една жена која навидум толку многу сакала пилешки крилца, украла количини од вкусната закуска во износ од 1,5 милиони долари  и завршила во затвор.

 

 

 

Поранешната директорка на услугата за храна за училишниот округ Харви, Вера Лидел била обвинета за кражба на големи количини храна во кутии која била наменета за студенти кои учат на далечина за време на пандемијата на коронавирус. За време на ревизијата во училиштето било откриено дека училишната област е 300.000 долари над нејзиниот годишен буџет и покрај тоа што била помината само половина од училишната година.

 

 

Обвинителите рекоа дека пронашле фактури потпишани од Лидел на кои нарачувала огромни количини храна, главно пилешки крилца, кои воопшто не им биле сервирани на учениците бидејќи содржеле коски. Таа на крајот се изјаснила за виновна за кражба на околу 11.000 кутии пилешки крилца што таа ги нарачала и била осудена да помине девет години зад решетки за грабеж на живина од пандемијата.

Што очекувала да прави со илјадници кутии пилешки крилца е се уште не е јасно.

 

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *