Највеселиот чистач на улици, заљубен во Елвис Присли, ги обедини добрите луѓе: „Собираме пари за да го пратиме на одмор во Португалија“
Пол Спајерс е чистач на улици, познат по својата љубов кон Елвис Присли. Тој е популарен по тоа што ги развеселува локалните жители на Бекенхем, во југоисточен Лондон. Неговата девојка Лиза Најт вели дека тој е „обожуван од сите“ и му дава поттик на целиот град со своето „позитивно присуство“.

Двојката се поврзале поради нивната љубов кон рокенрол иконата и кога Пол рекол дека штеди за патување во Португалија, Лиза решила да отвори страница за собирање средства за да му ја исполни желбата.
Донациите доаѓаат од многу од жителите, кои го познаваат, а и не го познаваат Пол.
Лиза вели: „Секој ден во пет часот, без разлика како се чувствувате, Пол игра на музиката на Елвис. Затоа го заслужува ова GoFundMe“.

Коментирај анонимно