Хали Бери на 58 години се шета смело „по долна облека“ на црвениот тепих: „Таа изгледа си го заборави фустанот дома“

Хали Бери им ги „заврте“ главите на луѓето на премиерата на нејзиниот нов филм, „The Union“, со провокативна облека што го украде шоуто. Таа апсолутно доминираше на црвениот тепих со овој впечатлив изглед. Сепак, не сите обожаватели беа задоволни од нејзиниот избор на облека.

 

 

 

На 58-годишна возраст, таа изгледаше совршено згодно во чипкано боди со долги ракави и длабоко деколте во облик на „V“.

 

 

 

Изгледот на Бери, целосно проѕирен миди фустан со долги ракави беше како оптичка илузија. Од изгледот се добиваше впечаток дека нејзината долна облека е целосно изложена на видик. Во реалноста, сето тоа беше дел од фустанот. Слободно може да се каже дека Бери го поддржува концептот на „гола мода“.

 

 

Додека некои обожаватели изразија почит за изборот на фустан на Хали, некои не беа толку задоволни со нејзиниот изглед.

Еден корисник рече: „Заборавила да го облече фустанот“. Некои луѓе мислеа дека фустанот повеќе личи на пижама или ноќна облека, отколку за достоен фустан на црвениот тепих.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *