„Открив дека не сум мајка на моето дете, но мојот сопруг е таткото – веднаш поднесов барање за развод“
Прилично е вообичаено да се слушне приказна за човек чиј живот е превртен наопаку откако ДНК тестот докажува дека тој не е татко на детето за кое мислел дека е негово. Сепак, ретко е да се слушне за мајка која се справува со истото сценарио. Токму тоа е причината зошто една неодамнешна објава на „Reddit“ предивика бура од реакции кај оние што ја прочитаа.
Корисничка по име ThrowRA-3xbetrayal тврди дека ДНК тестот покажува дека нејзиниот сопруг е татко на 2-годишното момче кое го одгледале, но таа не е биолошката мајка.
Приказната започнала пред 6 години кога парот се обидел да забремени, но немале среќа. Жената потоа открила дека има „медицинска состојба“ што значело дека не може да роди бебе, што резултирало со делумна хистеректомија. Жената се нафатила да работа на повеќе работни места за да плати сурогат за да го роди нивното дете.
„Сè уште имав јајници, па почнавме да ги разгледуваме трошоците за сурогат. Тоа е навистина скапо! Мојата блиска пријателка од колеџ, која веќе имаше 2 свои деца, ни понуди да служи како сурогат за да ги намалиме трошоците. По две разочарувачки сесии на ИВФ кои не резултираа со бременост, таа забремени на третиот обид и ни донесе момче на овој свет“, напиша ThrowRA-3xbetrayal.
Двојката била пресреќна по раѓањето на момчето и сурогат мајката станала важен дел од нивниот живот.
„Мојата пријателка и мојот сопруг почнаа повеќе да разговараат и јас понекогаш кога доаѓав дома од мојата викенд работа ги наоѓав дружејќи се во нашата куќа“, напиша ThrowRA-3xbetrayal. „Го сметав тоа за безопасно и си велев дека е добро за неа подобро да го запознае мојот сопруг, бидејќи таа го носи нашето дете за нас. Бев благодарна што имав некој кој ни помага да имаме дете“.
Но, мајката се посомневала во нешто, бидејќи очите на бебето биле кафени, а таа и сопругот имале сини очи.
Мајката го однела детето на лекар и добила поразителни вести. Открила дека крвната група на нејзиниот син е Б+, додека татко му е О+, а таа А+. Докторката рекла дека е „биолошки невозможно“ нејзиниот син да ја има таа крвна група.
ThrowRA-3xbetrayal мислела дека клиниката за плодност направила ужасна грешка. Направила ДНК тест и открила дека нејзиниот сопруг е татко на момчето, но таа не е мајката.
„Потоа мојот сопруг призна дека спиел со мојата пријателка (нашата сурогат мајка) во неколку различни прилики за време на нашата борба таа да забремени со нашите ембриони“, напиша ThrowRA-3xbetrayal.
„Ова значи дека она што мислев дека нашиот син е зачнат со ИВФ и носен со сурогат, воопшто не е мој син и, всушност, е зачнат на старомоден начин, што јас никогаш не можам да го направам“.
Жената одлучила да се разведе од сопругот и да се откаже од секое родителско право на детето. Нејзиниот сопруг, сурогат мајката и нејзиното семејство веруваат дека таа греши што се откажува од правата на детето што го чувала 2 години.
Таа побара од форумот на „Редит“ помош за нејзината ситуација.
Некои порачаа дека треба да ја тужи сурогат мајката затоа што ѝ ги зела парите.
Друга жена ја потврди одлуката на сопругата да го напушти сопругот и да се откаже од секое родителско право. „Тој изневерил… не е твое. Би било прекрасно ако го сакате детето доволно за да останете со него, но ако сте во шок и премногу оштетени за да го направите тоа, не сте виновна“.
Други истакнаа дека ако мажот е на оваа позиција, никој не би го осудил затоа што се откажал од родителското право.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно