„Јас сум мајка и се сончам гола каде и да посакам – соседите се жалат, но јас имам јако тело, а тие се љубоморни“

Карла Белучи не залудно ја нарекуваат „најомразената жена во Британија“. Со текот на годините, таа правеше работи како што се: глумеше депресија за да го оперира носот за фондот да ѝ ги покрие трошоците, им наплаќа кирија на децата, па дури и им наплати на роднините затоа што таа готвела за Божиќ.

Со своите 42 години, на Карла не ѝ пречат критичарите, дури и ако се нервираат со неа во реалниот живот. Неодамна таа предизвика бура кај соседите со сончање гола.

 

 

На најтоплиот ден во годината досега, со температури кои достигнаа 35°C во Лондон, Карла реши да се соблече надвор. Нејзе не ѝ е грижа дали тоа не им се допаѓа на луѓетo.

„Сакам да се шетам гола и не ми е грижа. Се сончам целосно гола 24/7 во мојата градина. па зошто да не? Воопшто не ме вознемируваат мислењата на соседите. Тие не ми значат ништо – ако не им се допаѓа, можат да не гледаат“.

Иако сончањето голи не е целосно нелегално, постојат некои правила. Во Англија и Велс не е кривично дело да се биде гол во јавност, но не можете да го правите тоа со намера да предизвикате „немир и тревога“.

Изгледа дека Карла не е загрижена да западне во неволја и одбива да дозволи поплаките од соседите да ја спречат. Таа додаде: „Ништо нема да ме спречи да ги исончам облините дома или во странство. Тоа е мој живот. Тие посакуваат да ја имаат моја самодоверба и тело. Нема да се спуштам на нивно ниво и да реагирам на нивната љубоомора“.