Како се гласаше на изборите во Русија, во време на пандемија?

За оние кои не слушнале Русите моментално носат клучни одлуки. Тие треба да гласаат за промена на уставот, а овие уставни измени ќе одлучат дали ќе му се отвори патот на претседателот Владимир Путин да остане на власт уште 12 години. Токму кога ќе помислите дека нашите начини на спроведување на избори се трагикомични, ни доаѓаат нови вести од Владивосток каде што нѐ надминаа (сега за сега). Погодете од 3 пати дали резултатот ќе биде во интерес на Путин!

Во Владивосток, на улицата Рускаја, гласањето за уставните измени се спроведуваше во багажникот на автомобил. Снимките ги објави шефот на регионалниот огранок на Партијата за раст, Кирил Батанов. Изборната комисија ова го објасни и оправда со „временски услови“. Според видеото, на влезот на станбената зграда има автомобил со гласачко место број „838“. „Здраво, дали гласате за амандманите? Не ми се верува дека може да се гласа така.“, вели Кирил.