Банана леб – десерт кој ќе стане ваше омилено „мезе“ за со кафето

Банана лебот стана познат во последните години и има многу верзии. Речиси секогаш ни се наоѓаат банани дома, а понекогаш и скапуваат па мораме да ги фрлиме. Но, сега дури и бананите што се презреани и не се за јадење можете да ги искористите со овој рецепт.

 

Состојки кои ви се потребни:

  • 3 зрели банани
  • 1 јајце
  • 50мл масло
  • прстофат сол
  • 180 грама брашно
  • 100 грама шеќер
  • 1 лажиќка прашок за печиво
  • 1 лажица какао
  • 50грама сецкани ореви

Подготовка

Во блендер ставете ги бананите, јајцето, маслото и прстофат сол. Сето тоа го блендирате

Во длабок сад ги ставате брашното, шеќерот, прашок за пециво, какаото и оревите. Ги мешате сите тие убаво и потоа ја додавате смесата од блендерот и мешате додека не се соедини.

Ставете ја сместа во тавче за комисброт ( 31цм х 11цм ) кое претходно ќе го подмачкате со масло и брашно. Печете во загреана печка на 180 степени околу 40 минути. (можеби ќе треба да печете и повеќе зависи од печката што ја имате)

Печениот Банана леб извадете го од тавчето, оставете го да се излади и дури тогаш исечете го. Добар е со кафе, со капучино или со чаша млеко. Во зимските денови е супер со шоља чај.

Преземено од: Магична ГАЛА кујна

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *